вторник, 15 јули 2008

МЕТО ЈОВАНОВСКИ



МЕТО ЈОВАНОВСКИ

Мето Јовановски, роден 1946 год. во с. Панчарево, Беровско. 1971 година завршува Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработува во Драмски театар Скопје. Неговата актерска кариера започнува на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапува уште пред да се запише на студиите. Од тогаш, за многу кратко време Мето Јовановски се истакна како еден од водечките драмски уметници во Македонија, а и пошироко, на бившојугословенските простори. Од почетокот на својата кариера тој бележи една мошне разнообразна линија – од експресивна поривност до интимен лиризам, со која се истакнува на најголемите височини на современиот актерски израз. Унапредувајќи ја актерската игра и давајќи и еден артифициозен природен квалитет, како модерен актер Јовановски секогаш се залага за конкретни и свежи креации, притоа длабоко проникнувајќи во суштината на ликовите, подлабоко во трагичните јунаци, отколку во комичните ликови. Носител е на бројни главни улоги во истакнати претстави, но и во филмски проекти од антологиско значење за македонската театрска и филмска продукција. Добитник е на највисоките државни награди и признанија.

Поважни театарски улоги:

Плетикоса - Болен Дојчин од Георги Сталев, Народен театар Штип

Вујко вања - Вујко Вања од Чехов, ДТС

Мечка, од Антон Чехов, ФДУ

Галеб од Антон Чехов, Кумановски театар

Јане Задрогаз – Јане Задрогаз од Горан Стефановски, ДТС

Хамлет – Хамлет од Шекспир, р. Слободан Унковски, ДТС

Еригон - Еригон од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, ДТС

Варга – Празник на правдата, од Мазилу

Јоце – Хамлет од Долно Гаштани од И. Брешан

Симон – Диво месо од Горан Стефановски, ДТС

Бранко – Карамазови од Д. Јовановиќ, р. Паоло Маџели, ДТС

Франц – Стапица од Т. Ружевиќ, ДТС

Робеспјер – Смртта на Дантон од Бинхер, р. Паоло Маџели, ДТС

Актерот – Розенкранц и Гилдестерн де мрттви од Стопард, р. Златко Славенски, ДТСИвона кнегиња Бургундска, ДТСЈу антитеза, ДТС

Цибра - Тетовирани души од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, ДТС

Дробац - Патувачки театар Шопаловиќ од Љубомир Симовиќ, ДТС

Трамвај наречен желба од Тенеси Вилијамс, ДТС

Ни ќар ни зијан од Братислав Димитровски, р. Димитар Станкоски, ДТС

Проколнатиот пејач - Проколнатиот пејач од Гилдерод, р. Владимир Милчин, фестивалски проект на „Сплитско лето“

Крик од Минов, р. Владимир Милчин, МНТ

Писание од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, МНТ

Порифириј - Злосторство и казна од Достоевски, р. Егон Савин, МНТ

Бесемјонов - Малограѓани од Горки, р. Паоло Маџели, Црногорско народно позориште;

Галеб од А. Чехов, р. Дејан Пројковски, Велешки театар

Медеја, ДТС

Ало будење, ДТС

Европа, ДТС

Мачка на вжештен лимен кров од Тенеси Вилијамс, р. Красимир Спасов, ДТС

Лет во место, ДТС

Момо - Комшилук наопаку, р. Ненни Делмастре, 2007, ДТС

Мартин - Коза, или Која е Силвија? од Едвард Олби, режија Дино Мустафиќ, ДТС, 2008

Режисерски ангажмани:

Вејка на ветрот од Коле Чашуле

Клуб на стари лордови од Мето Јовановски, Струмички театар

Филоктет од Милер, Велешки театар

Брачен плеј оф од Вајтхет, ДТС

Добра ноќ мајко од Морша Норман, ДТС

Монодрама Исповед на лудиот од Гогољ, ДТС

Халмет од Долно Гаштани од Иво Бершан, ДТС

Филмски улоги:

Отец Андреј – Тајната книга, р. Владо Цветановски, 2006

Лем – Големата вода, р. Иво Трајков, 2004

Авдија - Стршлен, р. Горчин Стојановиќ, 1998

Доктор – Ливада, р. Митко Панов, 1998

Феликс, р. Божо Шпрајц, 1996

Агим – Нечиста крв, р. Стојан Стојчиќ, 1996

Атанасие – Ангели на отпад, р. Димитрие Османли, 1995

Пред дождот, р. Милчо Манчевски, 1994

Оџа – Македонска сага, р. Бранко Гапо, 1993

Јевреји долазе, р. Првослав Мариќ, 1992

Илко – Тетовирани души, р. Столе Попов, 1991

Заминувањето од Пасквелија, р. Иван Митревски, 1991, ТВ Филм

Осамениот – Опстанок, р. Миле Гроздановски, 1990

Божа Муња – Куќа покрај пругите, р. Жарко Драгојевиќ, 1988

Режисерот – За сега без добар наслов, р. Срѓан Карановиќ, 1988

Штуц - Трст виа Скопје, р. Богдан Поп Ѓорчев, 1987

Хај Фај – Владимир Блажевски, 1987

Јанко – На пат за Катанга, р. Живоин Павловиќ, 1987

Драгослав Ковачевски – Среќна Нова `49, р. Столе Попов, 1986

Муса – Трговецот од Солун, р. Душко Наумовски, 1985

Нели ти реков, р. Стево Црвенковски, 1984

Симон – Диво месо, р. Горан Стефановски, 1984

Љубовникот – Комедијанти, р. Душко Наумовски, 1984 (ТВ серија)

Иван – Кратка средба, р. Слободан Деспотовски, 1984 (ТВ филм)

Црвениот коњ, р. Столе Попов, 1983

Настојување, р. Влатко Филиповиќ, 1982

Тумба, тумба, дивина, р. Јане Петковски, 1982 (ТВ филм)

Вани Урумов – Црвениот коњ, р. Столе Попов, 1981

Димитрије – Доротеј, р. Здравко Велимировиќ, 1981

Петре – Оловна бригада, р. Кирил Ценевски, 1980

Учителот, р. Васил Ќортошев, 1980 (ТВ филм)

Дудуле – Време води, р. Бранко Гапо, 1980

Најдолгиот пат, р. Бранко Гапо, 1977 (ТВ серија)

Нели ти реков, р. Стево Црвенковски, 1977 (ТВ филм)

Ѓорче – Пресуда, р. Трајче Попов, 1977

Дано – Сослушувањето на железничарот, р. Слободан Унковски, 1977 (ТВ филм)

Најдолгиот пат, р. Бранко Гапо, 1976 (Филм)

Дамјан – Колнати сме Ирина, р. Коле Ангеловски, 1973

Кукла, р. Димитрие Османли, 1973 (ТВ филм)

Награди:

Пет пати прогласен за Актер на годината според списанието „Екран“;

Седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп;

Четири пати Лауреат на наградата „Милтон Манаки“

Награда на градот Скопје „13 Ноември“

Републичка награда „11 Октомври“ за поединечно актерско остварување (1980)

Републичка награда „11 Октомври“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на државата;

Државна награда на Р. Македонија „Климент Охридски“

Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС), два пати за улогите во „Еригон“ и „Карамазови“;

Златна маска од весникот „Вечер“ за улогата Порфирие во „Злосторство и казна“ (Охридско лето)

Две Гранд-при на Фестивалот во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова `49“ и „Тетовирање“

Награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ“, на Филмски фестивал во Ниш;

Златна значка во Филмскиот фестивал во Врњачка Бања;

Златна клапа во Белград, за придонес во филмската уметност

Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот фестивал на експериментални сцени во Риека, за улогата на Бесемјонов во „Малограѓани“ од Горки во режија на Паоло Маџели работена во Црногорско народно позориште;

Награда за најдобра машка улога за улогата на Момо во претставата „Комшилук наопаку“, на меѓународен театарскиот фестивал „Маруличеви денови“ – Сплит.

Мето Јовановски е почесен член на Црногорско народно позориште;

СЛАВЕ МЛАДЕНОВСКИ


СЛАВЕ Хр. МЛАДЕНОВСКИ




Роден е во с. Владимирово, Беровско.

Бил главен курир на Револуционерната организација во Малешевијата.

Подоцна бил назначен за Малешевски реонски војвода.

АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ


АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ

Писател за деца и возрасни, хуморист и сатиричар. Роден е во Пехчево на 1 октомври 1946 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Живеел во Пехчево, Штип, Берово, Куманово и Скопје, а работел како хуморист во Радио Скопје, како новинар во Редакцијата за емисии за деца во истиот медиум и како уредник на списанието „Ловец“.


Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1987 година.


Од 1990 година е самостоен уметник, а од 1999 година е регистриран како самостоен уметник-писател и издавач, АНТОЛОГ.


Македонски писател со најмногу „стаж“ како самостоен уметник!


Македонски писател со рекорден број книги издадени во текот на една календарска година. Дури 17 наслови во 1994 година!


Посветувајќи се исклучително на литературното творештво и создавајќи дела од сите литературни родови и видови, за сите возрасти сегашни, идни и бивши читатели, Александар Кујунџиски е еден од ретките македонски писатели кој досега објавил 101 книга!


1. Осилки (1978)

2. За сe' и сешто и за друго нешто (1978)

3. Немирен ден (1979)

4. Љубов... оф, оф! (1980)

5. Капка по капка - океан (1980)

6. Во ливадите на детството (1981)

7. Мотошишарка (1982)

8. Другарувања (1983)

9. Солитерски сказни (1985)

10. Тој е патот, друг нема (1986)

11. Жарко Попарко (1986)

12. Од една до сто и една (1988)

13. Строго дов. (1990)

14. Сцени без завеси (1991)

15. Прободено слце (1991)

16. Пијано виножито (1991)

17. За во скришното џепче (1992)

18. Ја сакаш ли природата? (1992)

19. Гатанки - катанки - 1 (1993)

20. Азбукарка (1993)

21. Цветови - светови (1993)

22. Сказна за Тумбија (1994)

23. Трнливи стихови (1994)

24. Џуџести џинови (1994)

25. Нека патува добрината (1994)

26. Збор како бор (1994)

27. Предгорје (1994)

28. Жарко Планинарко (1994)

29. Кажи, па ќе ти кажам (1994)

30. Одберете за вашите приредби (1994)

31. Деветнаесет црвени каранфили (1994)

32. Гатанки - катанки - 1 (II, надополнето издание, 1994)

33. Театарче „Клопотарче“ (1994)

34. И гатанки, и боенки (1994)

35. Есен (1994)

36. Зима (1994)

37. Пролет (1994)

38. Лето (1994)

39. За најмалите - најубавите (1995)

40. Чекор по чекор (1995)

41. Повели, детенце! (1995)

42. Зоштковци (1995)

43. Ѕвончето ѕвони (1995)

44. Кралот Ал Со Крпен Шал (1995)

45. Лозинки (1995)

46. Џунгла в соба (1995)

47. Од септември до септември (1995)

48. Денес - забаваче... (1995)

49. ...Утре - прваче (1995)

50. На тема, на тема... (1996)

51. Денес празнуваме (1996)

52. Смешна книга (1996)

53. Вреќна Нова година (1996)

54. Нема што нема (1996)

55. Време за зреење и за пеење... (1996)

56. ...Време за цветање и за летање (1996)

57. За вас, деца! (1996)

58. Од Сметонија до Бонбонија (1997)

59. Гатанки - катанки - 2 (1997)

60. Растеме, растеме... (1997)

61. Добра ноќ, дену! (1997)

62. Загатки и одгатки (1997)

63. Ја сакам природата (1997)

64. Триесет и три итрини (1997)

65. Среќно забавачиња... (1997)

66 ...Идни првачиња (1997)

67. Кој ќе ми чита? (1997)

68. Детство - волшепство (1997)

69. Прваче (1997)

70. Вреќна Нова година (II, изменето издание, 1997)

71. Во царството на другарството (1998)

72. 1001 гатанка (1998)

73. Чудни чуденки (1999)

74. Зборовно оро (1999)

75. Чисти артисти (2000)

76. Учам, учам, да научам... (2000)

77. Природо, љубов моја! (2000)

78. Гатанки (2002)

79. Едночинки (2002)

80. Надојдени реки (2002)

81. Басни (2003)

82. Боли глава - без демократија и детски права (2003)

83. Мои бои (2004)

84. Букви, укви, кви... (2004)

85. Броеви - роеви (2004)

86. Одлична единица (2005)

87. Новогодишна честитка (2005)

88. Сакам книга (2006)

89. Нова планета (2006)

90. Сцени и сценарија (2006)

91. Распеани песни (2006)

92. Еколошки сказни (2006)

93. Разбој - разнобој (2006)

94. Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и Снешко Белчо (2006)

95. Весело летување (2007)

96. Шах-мат торта (2007)

97. Моите (не)напишани романи (2007)

98. Спомен среде срце (2007)

99. И од пиле млеко (2007)

100. 100 (2008)

101. Нека ечат песни (2008)

вторник, 8 јули 2008

ГЛИГОР ПОПОВСКИ


ГЛИГОР ПОПОВСКИ
(1928-2007)


Поет, раскажувач, романсиер, писател за деца, преведувач. Роден е на 1 април 1928 година во с. Будинарци, Беровско.

Завршил Учителска школа во Скопје. Работел како новинар во „Пионерски весник“, потоа во книгоиздателството Детска радост, ги уредувал списанијата Титов пионер, Другарче, Развигор и Росица. Бил главен уредник на издавачката дејност во Детска радост. Член на ДПМ од 1954 година.

Автор е на книгите: Бајка за детето Вилен (1952), Цвет (поезија за деца, 1953), Дрварче (раскази за деца, 1954), Росица (поезија за деца, 1956), Далечен свет (раскази за деца, 1957), Со тротинет по цел свет (поезија за деца, 1958), Било едно дете (раскази за деца, 1959), Мостот (роман за деца, 1959), Црвената рака (роман за деца, 1961), Парада за цвеќињата (поезија за деца, 1964), Чудо во гората (поезија и раскази за деца, 1965), Сказни за Возовија (1967), Сказна за најјунакот (поезија за деца, 1969), Што има зад тополите (раскази за деца, 1969), Морнарот Неп (сказни за деца, 1971), Билјана (раскази за деца, 1972), Испит (роман за деца (1972), Бојан (роман за деца, 1973), Кога тато вози (1977), За поубав свет (поезија за деца, 1978), Планино, убавино (роман за деца, 1979), Разговори за сообраќајот (раскази за деца, 1980), Најтемната ноќ (повест, 1981), Човек со човек (поезија за деца, 1982), Добри мои, добар ден (песни и раскази за деца, 1983), Учителката (роман за деца, 1984), Елен Камен (сказни, 1988), Другата страна (роман за деца, 1991), Шеп, шеп, шеп (гатанки, 1991).

Добитник е на наградите: „Партизански курир“ (Марибор), „Младо поколење“ (Белград), „13 Ноември“, „РТВ-Скопје“ на СВП (1969 и 1973), „Курирче“.
Глигор Поповски почина на 14.05.2007 год. во Скопје.

НИКОЛА ГАЛЕВСКИ


НИКОЛА ГАЛЕВСКИ
(1920-1999)

АТАНАС РАЗДОЛОВ


АТАНАС РАЗДОЛОВ
(1872-1931)
Извадок од радио-драмата
Анархист на перото
од Владимир Плавевски:

АТАНАС:
-Јас сум „анархист на перото“.

СУДИЈАТА:
-Повторете... Кој сте вие?

АТАНАС:
-Јас сум Атанас Раздолов, роден во 1872 година во Берово, во сиромашно семејство на Топаловци чија куќа била во трапот на црквата Св. Илија. Моите биле земјоделци и сточари и со крв го печалеле својот леб.

СУДИЈАТА:
-Воспитание?

АТАНАС:
-Израснав во бунтовното гнездо на Дедо Иљо Малешевски, Димитар Попѓеоргиев Беровски и Никола Петров Русински, во пазувите на Македонија која офка под крвожедниот јарем на уште покрвожедниот Босфорски ѕвер – Султан Хамид.

СУДИЈАТА:
-Престанете со поетски изразувања! Ова е суд!... Кажете го точно вашето формално воспитание?!

АТАНАС:
-Четири години основно образование... Како дете бев пргав и многу љубопитен, убаво пеев и рецитирав и покажував голема наклонетост кон книгата.

СУДИЈАТА:
-Бидете кратки и прецизни!

АТАНАС:
-Потем, емигрирав во Ќустендил, но секогаш во мислите и во срцето го носев моето Берово...
-Како седумнаесетгодишник се запишав во Педагошкото училиште и го завршив во 1895 година, можете да запишете, со одличен успех... Да, со одличен успех!

СУДИЈАТА:
-Зошто уште како ученик сте биле на листата на непожелните?

АТАНАС:
-Мислите, на непожелната листа на власта и полицијата?

СУДИЈАТА:
-Одговорете!

АТАНАС:
-Се родив со нескротлив дух, се доев со револуционерни идеи и ...

ВРАТАРОТ:
-Бевте член, активен член на Македонското друштво во Ќустендил и на Педагошката академија ?!

АТАНАС:
-И бев повеќепати тепан, активно претепуван од полицијата.

СУДИЈАТА:
-Што сте работеле, потем, во Софија?

АТАНАС:
Заработував корка леб за гол живот.

СУДИЈАТА:
-Дали ви се познати лицата Васил Главинов, Веле Марков, Димитар Мирасчиев, Андон Шулев, Ѓиго Дрндаров, Стојан Стојановски?

АТАНАС:
-Заборавивте меѓу нив да ме вброите и мене.

СУДИЈАТА:
-Значи, признавате дека сте член на оваа „Македонска работничка група“ устроена како комуна на Македонска работничка група која се претставувала како идеен предводник на македонското национално движење?

АТАНАС:
-Да, да и да!

СУДИЈАТА:
-Дали знаете кој го напишал оватанас: „...Револуцијата не е дело на чорбаџиите туку дело на сиромасите кои непосредно го чувствуваат жестокиот гнет на турскиот деспотизам и затоа тој народ треба да биде носител на вооружено востание. За да се воспостави ова потребно е внатрешна народна организација, усмена и писмена агитација...“ И така натаму и така натаму...

АТАНАС:
-Дали знаете дека тоа го потпишал Атанас Раздолов?

СУДИЈАТА:
-Значи, признавата?!

АТАНАС:
-Да, признавам, дека ме судите за глупост!

СУДИЈАТА:
-Внимавајте обвинет, вие го навредувате Неговото Царско Височество, Кнезот Фердинанд!

АТАНАС:
-За вас се е можно.

СУДИЈАТА:
-Дали сте напишале отворено писмо на 01.06.1901 година до бившиот претседател на Македонско-одринскиот комитет, Борис Сарафов?

АТАНАС:
-Секако...

СУДИЈАТА:
-Прочитајте го... Делот каде што зборувате за делото на Борис Сарафов!

АТАНАС:
-... „Ако на мракобесните државни крунисани глави кои прават оросписка политика ...

СУДИЈАТА:
-Прекинете!

АТАНАС:
-... и оросписка дипломатија и се курваат со судбината на човештвото...

СУДИЈАТА:
-Пресуда на Прокурорскиот надзор на Окружниот суд! Станете!... И вие, господине Раздолов! Реков, станете !!
-Од писмото на обвинетиот А. Раздолов се гледа дека овдеприсутниот обвинет А. Раздолов, стар дваесет и девет години, од Берово, Малешевско, Македонија, ја навредувал личноста на Неговото Царско Височество Кнезот Фердинанд и ги заплашувал судските органи за водење на делото...

АТАНАС:
-... За водење на недело!...

СУДИЈАТА:
-... на поранешниот претседател на Македон-Одринскиот комитет Борис Сарафов. Поради овие докажани дејства А. Раздолов се казнува со член 120 и 302 н.2 од н. закон како и по основа на член 26, 282, 291 и 292 од Граѓанскиот закон, издание на Прокуросниот надзор на Софискиот Окружен суд. Во град Софија, на 26.06.1901 год.

АТАНАС:
-... Стиховите кои не се потчинуваат потполно на режимот на правилото за стихотворење, се нарекуваат произволни, но тоа не им пречи да творат вистинска поетска мисла...

ЧУВАРОТ:
-Казненик, што пишувате?

АТАНАС:
-Стихови.

ЧУВАРОТ:
-Кој ви дозволи?

АТАНАС:
-Анархистот на перото.

ЧУВАРОТ:
-Кој е тој?

АТАНАС:
-Јас.
Атанас Раздолов е роден 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци. Уште како млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај вршат силно влијание врз младиот Раздолов. Во работничката средина во која што подпаѓа со одењето во Софија, ослободителните идеи кај него се издигнуваат на повисоко ниво.
Тој ја сврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Под псевдонимот „дедо Раздолчо“ тој е активен учесник во револуционерното движење во Софија. Членува во Македонскиот револуционерен социјал-демократски сојуз, основан од страна на Васил Главинов.

Во 1901 год е затворен поради пишување за бугарскиот кнез Фердинанд.

Раздолов е автор на статии, стихови и брошури со теми од револуционерната борба. Дел од неговите брошури по специјални курири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата.
Најубавата негова стихотворба „Револуција“ тој ја посветил на револуционерното движење во неговиот роден крај – Малешевијата.
Атанас Раздолов, самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година.

ГАВРИЛ АТАНАСОВ - ЗОГРАФ



ГАВРИЛ АТАНАСОВ - ЗОГРАФ
(1862-1951)




Гаврил Атанасов е роден во Берово во 1862 година од православни родители.

Татко му, кој по народност бил Цинцарин - Влав, бил дојденец од Крушево. Во Берово се оженил со ќерката на некој Јован, која набргу починала, па бил принуден да се прежени.
Мајка му била од село Ратево. И таа претходно била мажена во Берово, но и нејзиниот маж починал. Така двајцата вдовци се земале и изродиле две женски и две машки деца меѓу кои бил и Гаврил.


Семејството на Гаврил, како доселеници во Берово, западнало во голема сиромаштија, па децата биле принудени да работат како аргати и да чуваат туѓа стока.


Во периодот 1872-1874 година, на десетгодишна возраст, за време на зимскиот период Гаврил одел на училиште, додека пак, во летниот период работел како овчар и говедар. Потоа, скоро годинаипол работел како калџија, со мајстори по Пијанечко и Струмичко. Едно лето работел и како аргатин на жетва во Штипско, а потоа околу две години поминал работејќи и со татко му како бичкаџија.


И неговиот постар брат Христо неколку години работел како овчар, а потоа отишол на Света Гора да работи како аргат. Поведен од него и Гаврил решил да го напушти тешкиот живот и сиромаштијата во Берово и да замине да работи на Света Гора. Така, младото момче, на 18-19 годишна возраст, во 1881 година, околу Митровден пристигнал кај својот брат кој веќе бил игумен во рускиот манастир „Свети Пантелејмон“. Таму, Гаврил работел како аргатин до Ѓурѓовден. Кога видел дека на Света Гора има многу добри зографи му кажал на брата си дека и тој сака да го научи зографскиот занает.


Така, со помош на својот постар брат, Гаврил се запишал во Карејската зографска школа, кај светогорскиот зограф, калуѓерот Глигоро Шкурт, по народност Грк. На Глигоро, како школарина му платиле 20 златни лири за три години да слугува и да учи. Но, тука, младиот Гаврил, наместо да ги изучува тајните на зографскиот занает, научил само да му слугува на Глигоро, да мете, да вали огин, да вари кафе, да купува месо, да готви, да мести трпеза, да мие садови, да пере алишта. Тоа го натерало да го напушти зографот Глигоро и повторно да се вработи како физички работник.


По четирите години поминати на физичка работа, Гаврил одново се запишал во Карејската зографска школа, но сега кај зографот Христодулос Матеу, Грк од Његуш. Христодулос, увидувајќи го извонредниот зографски талент кај младиот Гаврил, по двегодишно калфување го зел за свој единствен соработник. Како соработник на зографот Христодулос Матеу, Гаврил поминал уште 11 години, сликајќи икони кои Матеу ги испраќал во Русија и во балканските земји.


По тринаесетгодишно работење со зографот Матеу во рускиот манастир „Свети Пантелејмон“, на Гаврил, од страна на престарениот руски зограф Поликарп му била доверена да ја води големата сликарска работилница и да ги воведува учениците во тајните на зографскиот занает.


За време на своето престојување на Света Гора, Гаврил, цело време копнее за Берово, за татковиот дом и за саканата девојка Маца. Поради тоа на него му се препишува и малешевската народна песна:

„Маце Марие бела Беровко,
жени се Маце, мен ме не чекај,
јас ќе си стана млади калуѓер.“

Младиот Гаврил, веќе зограф, полн со знаење и вештина од зографскиот занает се вратил во Берово и ја земал за свој животен сопатник девојката од цитираната песна Марија, од родот на Поп Буровци. Во брачниот живот со неа добиле осум деца: Александар, Полихерија, Диспина, Параскева, Панте, Михаил, Ана и Борис.


Зографот Гаврил Атанасов изработил повеќе иконостаси и огромен број на икони, од кои најубавите се наоѓаат во црквата во село Смиланци (Радовишко) и во Берово. Во манстирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово Гаврил работел во периодот од 1899 до 1920 година. Тринаесетте икони што го носат неговиот потпис и што се наоѓаат во овој манастир се само „капка во морето“ од иконографското наследство што ни го оставил зографот Гаврил, расфрлано по црквите, манастирите и приватните домови во Малешево, Пијанец, Кочанско, Штипско, Радовишко, Струмичко, Струмско и подалеку низ балканските земји и Русија.


Во црквите во Малешево и Пијанец од пописната комисија на Републичкиот завод за заштита на културно-историските споменици се регистрирани 300 икони со различна големина, од кои 41 икона се препишуваат на неговиот син, зографот Борис. Во бројката од тристоте икони не се сместени иконите од црквите во Кочанско, Штипско, Радовишко, Струмичко, Струмско, а да не зборуваме за иконите изработени во работилниците на светогорските манастири и испраќани во Русија и балканските земји при крајот на деветнаесетиот век, кога зографскиот талент на младиот зограф Гаврил бил во полн расцут.


Од писмото, што на 04.04.1928 год. Гаврил Атанасов му го испратил на Јеремије М. Павловиќ, да му послужи при пишувањето на книгата „Малешево и Малешевци“, покрај дел од горе изнесените податоци, дознаваме дека Гаврил, за изработка на своите икони, за време на Турското робство набавувал материјал од Солун, за време на Бугарско од Софија, а во периодот кога е пишувано писмото (Српско) од Скопје.


Интересно е да се спомене иконата „Свети Јован Златоуст“, која е изработена на плех и е јужна олтарска врата во црквата во манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Берово. Зографот Гаврил ја изработил оваа икона во 1897 година и при изработката, во нејзиниот долен десен агол оставил запис, цитираме: „Иконописец Гаврил Атан(асов) Македонец от село Берово, Малеш 1897 година“, не претпоставувајќи дека неговиот запис од иконата, на неговите сонародници ќе им биде аргумент за докажување дека македонската нација и Македонија не се од вчера, туку од многу, многу порано.


Покрај тоа што главна преокупација на Гаврил Атанасов било зографството, т.е. иконосликарството, тој се занимавал и со фотографирање. Тој е првиот фотограф во Малешево, а можеби и пошироко. Покрај други, автор е и на фотографијата на која се наоѓа Даме Груев, по неговото убиство на врвот Петлец, кај селото Русиново во 1906 год. Тоа е таа историска фотографија направена по налог на Комисијата за идентификација на убиените комити, која требало да потврди дека е убиен големиот војвода, башкомитата Дамјан Груев. Низ Малешево постојат и други негови фотографии кои сведочат за значајни настани и личности од историјата на овој крај. Вистинска штета е што во 1934 година, заедно со куќата, изгорело и ателјето на овој малешевски фотограф, при што е уништен драгоцен фотографски материјал од историско значење.


Во обновената црква „Св. Богородица Балаклија“ во Берово, при нејзиното фреско-пишување, од страна на академскиот сликар Ѓорѓи Данев, насликан е и ликот на Гаврил Атанасов - Зограф, со што овој лик е овековечен за навек.


Зографот Гаврил Атанасов починал во Берово, 1951 година, во 88-та година од својот живот, опкружен од многубројните негови наследници.

ДЕДО ИЛО МАЛЕШЕВСКИ


ДЕДО ИЛО МАЛЕШЕВСКИ
(1805-1898)




Познат е и како Иљо Марков Мустрекински, Иљо Војвода. Роден е на 28 мај 1805 година во Берово. Ајдутски водач и четнички војвода кој десетина години се движел со чета во Малешевијата, Пирин и Рила. Во 1862 год. зел учество во борбите против турскиот гарнизон во Белград, со еден доброволечки одред од Македонци.

Со свој одред учествувал во Српско-Турската (1876), а потоа и во Руско-Турската (1877-78) војна во Бугарија. Во последните денови од војната, заедно со една руска единица го ослободил Ќустендил. Учествувал во Кресненско-Разлошкото востание (1878-79), а во голема чета составена од Македонци дејствувал и во Српско-бугарската војна (1885). По појавата на четите на ВМОРО, веќе стариот Иљо војвода им дава вредни совети на многу од четниците на пат од Бугарија за Македонија, за да го добијат неговиот благослов.

Умира на 17 април 1898 година во Ќустендил, Бугарија

ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ


ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ

(1840-1907)




Роден е во Берово во 1840 година. Основно образование завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858-1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 год. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Цариград а потоа живее како нелегален во Солун.



Во Солун заедно со македонската патриотска интелегенција формира кружок, чија цел била организирање на востанија против турската власт.



Бил вклучен во организирањето на Разловечкото востание, а по неговото задушување се вклучил во организирањето на Кресненското востание (1878), при што бил избран за началник на Востанички штаб.



По неуспехот на востанието се префрлил во Ќустендил, каде живеел и работел се до својата смрт на 19 декември 1907 година.

НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ


НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ
(1875-1943)

„Роден сум на 21 ноември 1875 година во с. Русиново, Малешевско (Македонија). Мајка ми се викаше Шекерина Мицова по татко... Татко ми потекнува од најбогатата фамилија во с. Русиново, Чукарци, се викал Петар Стојанов. Татко ми ја наследил омразата кон лошите луѓе и кон лошиот режим во Турција и затоа, тој со уште двајца свои блиски, имено Петар Стојанов Костевски и Костадин Алаѓозов, си поставиле цел да се борат и да ја истребат разбојничката банда и нејзините јатаци Турци. Повеќе од 15 години тие ја воделе борбата. На местото на убиените разбојниците, се јавувале други. Татко ми починал на 25 август 1876 година. Мајка ми живееше уште 18 години по смртта на татко ми и не научи нас, тројцата нејзини синови, силно да ги сакаме добрите луѓе, но и силно да ги мразиме лошите... Мајка ми гледаше дека во мојата душа е насобрана голема омраза кон лошите тирани и ми посака добар пат за Цариград, без да се посомнева дека нема повеќе да се видиме. Мајка ми вложуваше големи грижи за да ни даде писменост. Мојата писменост се должи на моето големо интересирање кон науката, социјалистичките кружоци, беседите и на моето самообразување. За време на мојот мирен живот не го губев времето напразно, туку за време на четничкиот живот си носев помалку леб за мојот стомак, а повеќе книги за читање, главно социјалистичка револуционерна литература, идеалот со кој ќе умрам...“ - пишува Никола Петров Русински во неговите спомени во ракопис кои се многу значајно сведоштво за едно херојско време, за времето од крајот на ХIХ век заклучно со крајот на Илинденското востание.

РЕВОЛУЦИОНЕРНО СОЗРЕВАЊЕ

Престојот на Никола во Цариград од 1893 до 1895 година е мошне значаен за осмислување на неговиот иден живот и борба. Така имал можности да ги прошири своите политички хоризонти, да биде во тек со актуелните политички збиднувања, со настаните во Македонија и со активностите на македонските емигранти во Бугарија. Мотивиран од љубовта кон својата татковина, Русински самоиницијативно се вклучил во борбата за нејзиното ослободување. Со заштедените средства од неговата лична заработувачка на 25 јуни 1895 година го напуштил Цариград и се упатил во Софија, каде што купил оружје и се пријавил во Македонскиот комитет, уверен дека веќе е дојден денот за почнување на оружената борба. На седми јули истата година, како што вели самиот, „под туѓо војводство“ се вклучил во т.н Мелничко востание, но многу брзо, впрочем како и другите Македонци - учесници во ова оружено навлегување на чети од Бугарија во Македонија, извлекол поука дека борбата за ослободување на Македонија бара опстојна, идејна и воено-организаторска подготовка, и тоа со внатрешни сили.
На 17 септември 1895 година Русински се вратил во Софија и се запишал во военото подофицерско училиште за да ја усоврши воената вештина и како што вели самиот „и да се префлам во Македонија со чета, да го подигнам на бунт понижениот и обесправен христијански народ од султанското ропство“. Во училиштето се запознал со многу Македонци кои биле врзани со ТМРО, меѓу кои бил и членот на Задграничното претставништво на Организацијата, Гоце Делчев, со кој Никола станал пријател.

Постепено кај него созревала мислата за префлање во Македонија. Првиот обид го направил на 7 март 1897 година, заедно со неговиот соученик и истомисленик Александар Маринов. Во Малешевијата тие вршеле организаторско-пропагандна и револуционерна дејност заедно со месните револуционерни дејци.

Никола Петров Русински најактивно учествувал во собирањето на луѓе и оружје за првата чета која требало да мине во источниот дел на Македонија. Седумчлена чета во летото 1897 година заминала во Македонија. На оваа чета наскоро и се придружил Гоце Делчев кој застанал на нејзино чело, а за негов заменик го поставил Никола Петров. По иницијатива на Делчев таа извршила два напада за насилно одземање пари за снабдување на Организацијата со оружје. Независно од неповолниот исход на овие акции, нивната работа вродила плод во Кочанско, Малешевско, Струмичко, Радовишко, Пијанец и во други региони. За овие акции голема улога имал Никола Петров Русински. Тоа го потврдила и Виничката афера кога само делумно била разоткриена организационата мрежа. По споменатата афера Русински успеал во остра зима и по голем снег и студ да ја прифли својата чета од Малешевско, преку Горноџумајско во Бугарија, но последиците за неговите четници и за него биле катастрофални.

За време на својот престој во Софија, во 1898 година, Русински се судрил со „вљубениците“ на бугарштината. Огорчен до некои состојби во Организацијата по Виничката афера, во март 1898 година се запознал со Васил Главинов, предводникот на Македонската револуционерна социјалистичка група во Софија и станал негов најдоследен идеен соработник.

НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ

Во март 1900 година, Русински заминал за Македонија со цел заедно со своите сомисленици-македонски социјалисти да ги шири социјалистичките идеи, но и со готовност истовремено да работи во ТМОРО. Од сите задачи и активности во 1900 година најзначајно место има неговата улога околу организирањето и одржувањето на Првата социјалистичка конференција во Житошкиот синор, близу Крушево.

Набргу по конференцијата тој заминал во Битола и заедно со други членови на Социјалситичката група воспоставил контакти со претставниците на Битолскиот окружен комитет на ТМОРО. По седуммесечното претсојување во Битола и одолговекување на приемот на Социјалистичката група, кон крајот на февруари 1901 година, групата добила позитивен одговор за прифаќање на сите барања-услови за влегување како група во ТМОРО. Битолскиот окужен комитет го назначил Русински за војвода во Демирхисарскиот реон со големи овластувања. Освен како воен раководител и инструктор, Никола Петров се докажал и како идејно-политички агитатор меѓу народот и успешен организатор во привлекување на масите во селата.

Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, за него „цела Македонија му била роден крај“. Како делегат од Мариовскиот реон учествувал на Смилевскиот конгрес, одржан од 2 до 7 мај 1903 година, на кој се разгледувало решението за кревање на оруженото востание во Македонија. И покрај тоа што бил против ова решение, дисциплинираниот војвода на Организацијата, и се покорил на волјата на мнозинството и активно учествувал во подготвувањето и во креирањето на Илинденското востание во неговиот револуционерен реон во Мариовско. На Смилевскиот конгрес Никола Петров бил избран за член на Штабот на Прилепското горско начелство, заедно со Петар Ацев и Тале Христов. Во текот на Востанието тој го презел комнадувањето и над леринските чети, кои се нашле во многу тешка положба и преминале на негов терен во Мариовско.

Русински меѓу последните заминал за Битола, каде што некое време престојувал илегално, меѓутоа, огорчен и разочаран од некои раководни кадри во Округот, со помош на австроунгарскиот конзул успеал да добие одобрени и на 28 ноември 1903 година да замине преку Србија за Софија.

Во Софија Русински се венчал со својата свршеница, учителка и револуционерка од Охрид, Константа Бојаџиева, која извонредно многу ја ценел и ја сакал.

За него нови надежи и шанси за поактивна работа на национален и на социјален план предизвикала Младотурската револуција. Заедно со дел од македонските социјалисти во периодот 1908 до 1911 година престојувал во Битола, каде бил секретар на работничкото друштво „Класно сознание“, а бил прекупиран и со прашањето за организирање на учителите во Турција, односно Македонија.

Никола Петров Русински како и многу други Македонци и поранешни членови на Организацијата, учестувал во Балканските војни. По нив тој се јавил како можен кандидат на парламентарните избори во пиринскиот дел на Македонија, во 1914 година. За време на Првата светска војна пак бил мобилизиран како војник, а потоа работел во дрводелската работилница во месноста Суви Лаки меѓу Берово и Струмица, која вршела коларски работи за потребите на бугарската војска на Македонскиот фронт, а неговата сопруга била учителка во Берово.

По завршувањето на војната тој заедно со своето семејство останал да живее во родното село Русиново, каде што останал до февруари 1921 година. Русински се вклучил во политичкиот живот во земјта, но притисокот што го вршеле великосрпските власти го натерал да го напушти својот роден крај и заедно со своето семејство да се префли илегално преку границата во Бугарија.

Во Софија, меѓу двете војни, Никола ја дожиевал најголемата семејна трагедија, поради немаштијата и лошите услови за живот се разболеле и умреле жена му и двете ќерки. Настаните во 1941 година ги дочекал скршен од болка, разочаран без никакви средства за живот.

Бугарската окупација на вардарскиот дел на Македонија, со тоа и на неговиот роден крај, не ја доживеал како ослободување, како што ја доживеале некои „илинденци“, кои дури учествувале во бурните прослави организирани од бугарските власти во Битола, Крушево и Смилево. Уште истата 1941 година со него се поврзале членови на раководството на народноослободителното движење од пиринскиот дел на Македонија, кои доаѓале за снабдување со оружје во Малешевијата и во Стумичко, или се засолнувале како илегалци во овие краишта пред потерите и репресиите на полицијата во пиринскиот дел на Македонија. Така Русински познат во својот роден крај како „дедо Коле“ и во својата седма деценија од животот служел на македонските народни интереси. Тоа е најдобра потврда колку длабоко верувал во смислата на сопствената констатација изречена во врска со задушувањето на Илинденското востание, запишана во неговиот прилог „Организацијата на жените во Охрид“: „Трудољубивиот народ веднаш пристапи кон изградување на нови куќи, со надеж ако сега не успеал, ќе дојде време кога ќе успее да се ослободи од ропството“. Таква верба во себе носел и стариот Никола во 1941 година, дека времето е дојдено неговиот народ да успее во ослободителното дело.
Очекувајќи го успешниот крај на новата борба, Никола Петров Русински починал на 14.02.1943 година во своето родно село Русиново, каде е и погребан.

МАРИЈА МАРКОВА ПОП ГЕОРГИЕВА

Марија Маркова-Поп Георгиева е родена во Берово. Сестра е на војводата Иљо Марков (дедо Иљо Малешевски). Била една од првите жени ајдути во Македонија која му била „сопатничка во преродбенските националноослободителни борби во Македонија, Тракија и Горна Бугарија - со осумдесет годишен револуционерен живот непрекинато на Балканот“.
Нејзиното револуционерно име било „Рошко“. Таа учествувала како „бајрактарка“ на Дедо Иљовата дружина во периодот од 1827 до 1828 година по реката Бистрица, потоа по околината на градот Бер за врема на грчките ослободителни борби „каде Иљо војвода со шестотини борци - Македонци извршил напад на голема турска војска, на која и нанел тежок удар“.
Марија, исто така „учествувала како борец во Македонскиот батаљон предводен од Иљо војводата, во Кримската војна“ кај Севастопол, потоа при нападот на Белградското кале (на Калемегдан) и во многу други борби. Починала во село Рила во 1916 година.
(Зоран Тодоровски, Војводата Дедо Иљо Малешевски во архивската документиција, "Војводата Дедо Иљо Малешевски и неговото време", Берово 2000,128-129)

ГЛИГОР СМОКВАРСКИ




ГЛИГОР СМОКВАРСКИ
(1914-1974)





Глигор Смокварски е роден на 08.05.1914 година во село Будинарци, Беровско. Тој е еден од основачите на организираната музичка култура во Македонија по Втората светска војна. Тој и припаѓа на првата генерација музички дејци кои активно се вклучиле во создавање творечки музички фонд. Глигор Смокварски одиграл пионерска улога во поставувањето на професионализмот во македонската музичка култура, како еден од основачите на првиот симфониски оркестар, кој започнал да работи кон крајот на 1944 година, при Радио Скопје. Подоцна, тој исто така учествувал во создавањето на Македонската филхармонија, како и на оркестарот при Операта на Македонскиот Народен Театар.



Глигор Смокварски бил активно присутен во музичкиот живот во Македонија, цели три децении како композитор, изведувач кларинетист - солист и како педагог, професор по кларинет и обоа, од чија класа произлегоа успешни генерации музички уметници. Денес неговото творештво претставува дел од македонското музичко богатство.



Глигор Смокварски како композитор, го привлече вниманието, особено со создавањето на музиката за првиот македонски национален балет „Македонска повест“ во 1952 година, а потоа и со низа симфониски дела, проткаени со македонски национален мелос и ритмика, но и со многу примери во кои може да се почувствува влијание на романтичната оркестарска литература, која тој ја негувал и како интерпретатор - кларинетист. Балетот „Македонска повест“ е праизведен на сцената на МНТ на 21-ви јуни 1953 година, под диригенство на Кирил Спировски и со либрето направено според драмата „Печалбари“ на Антон Панов. Во рамките на „Охридско лето“ 1993 година, на сцената во Самоиловата тврдина, изведена е премиера на истиот балет со ново либрето, под диригенство на Ангел Шурев.



Најраните оригинални творечки обиди на Глигор Смокварски се забележани во 1944-45 година, кога го создава своето прво сериозно музичко дело, Фантазија за симфониски оркестар, кое е изведено на крајот на 1944 година под диригенство на Тодор Скаловски, како прв концерт на симфониски оркестар, емитуван на брановите на Радио Скопје. Една година подоцна од Скопската филхармонија под диригенство на Лавро Матачиќ изведена е предиграта „Тиквешанка“. Во 1949 година својата праизведба, под диригенство на Лавро Матачиќ ја доживуваат делата: „Скерцо“ и „Симфониска предигра“. Потоа се редат и други композиции кои му припаѓаат на оркестарското, камерното, хорското и вокално-инструменталното подрачје, дела за глас и пијано, како и повеќе од 70 обработки на народни песни.



По цели 18 години, во 1971 година, Глигор Смокварски повторно ќе се наврати на музичко-сценската форма и ќе го создаде својот втор балет „Болен Дојчин“. За жал, до денес, овој балет, сценски не е поставен во Македонија, иако музиката е изведена под диригенство на Ангел Шурев и е ставена на носач на звук.



Покрај споменатите дела во оваа пригода вредно е да се одбележат и следните дела од неговиот опус: „Симфониско оро“ -1952 год., „Гудачки квартет бр. 1“ -1954 год., „11-ти Октомври“ -1955 год., „Рапсодија бр. 1“ -1955 год., „Виолински концерт“ -1956 год., „Приспивна за алт и пијано“ -1959 год., „Скерцо за симфониски оркестар“ -1962 год., „Концерт за кларинет и пијано“ -1964 год., „Симфониска суита“ -1966 год., „Стихија“ -1970 год., како и музиката за документарните филмови „Селскиот учител“ и „Фрески“.



Композициите на Глигор Смокварски се силно вдахновени со топла народна мелодика. Со чувство за оркестарот, како звучен организам, Смокварски создал бои и тонови кои автентично го оцртуваат македонското поднебје.



Глигор Смокварски почина во Скопје на 15.03.1974 година.

ЛЕОНИД ПЕЦОВСКИ



Леонид Пецовски
(1923-1945)


Леонид Пецовски е роден на 19-ти мај 1923 год. во Берово во семејството на Ефтим Пецовски и Даринка Белдедовска Пецовска. Основно училиште и прв клас граѓанско училиште завршува во Берово. Потоа го напушта школувањето и го изучува касапскиот занает. По изучувањето на занаетот работи како касап.

За време на бугарската окупација во 1942 год. Леонид заминува на работа во Германија. По една година тој е протеран од Германија и се враќа во родниот град, каде продолжува да работи на занаетот. Во 1943 год. е регрутиран и служи во бугарската армија, каде завршува курс за подофицери.

По извршениот преврат во Бугарија, се враќа во родното место и се вклучува во Народноослободителната војна, во Воената команда во Берово, каде е поставен за заменик командант на чета.

На 1-ви октомври 1944 год., кога во Берово престојува дел од Главниот Штаб на Народноослободителната војска на Македонија на чело со командантот Михајло Апостолски, со месната чета успева да ги задржи германските единици кои се повлекувале од Грција, на патниот правец Струмица - Берово и овозможува повлекување на партизанските единици од градот.

Потоа, како млад и искусен борец Леонид Пецовски е распореден во 14-та бригада во 50-та Народноослободителна дивизија со која учествува во завршните борби за конечното ослободување на Македонија, во кои се истакнува со својата храброст.

На 15-ти јануари 1945 год. со бригадата заминува за Срем на оспособување и усовршување со современата воена техника. Во април, 14-та ММУ бригада е во состав на 48-та МНО дивизија и учествува во пробивот на Сремскиот фронт. По ослободувањето на Винковци, каде неговата чета прва влегува во градот, бригадата продолжува со протерување на непријателот кон Ѓаково, Будровци и Врпоље. Во тешките тридневни борби јужно од Будровци и Ѓаково, на 16-ти април 1945 год., кога со неговата чета тргнува во против јуриш кон непријателските позиции, покосен е од непријателски рафален оган и загинува. Неговите соборци, својот храбар командант, го погребуваат на бојното поле.

Посмртно е одликуван со Орден за храброст.

понеделник, 7 јули 2008

НИКОЛА МАЛЕШЕВСКИ

Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце Делчев
(Софија, март 1903 год.)


НИКОЛА СПАСОВ МАЛЕШЕВСКИ
(1850-1945)

Помеѓу плејадата македонски револуционери и дејци од крајот на XIX и почетокот на XX век, меѓу кои можеме да ги споменеме Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и др., видно место зазема и Никола Спасов Малешевски, човек чија револуционерна дејност е слабо расветлена во македонската историја.

Никола Спасов Малешевски е роден во 1850 година во Берово, каде што завршува основно образование. Образованието го продолжува во Солун, каде ја завршува тамошната гимназија. Уште во младешките години е задоен во духот на малешевско-пијанечките војводи од 70-тите години на XIX век, ги обиколува населените места во Малеш (беровско) и во Пијанец (делчевско), читајќи текстови со бунтовна содржина. Така доаѓа и до судир со грчкиот владика во Струмица, Јеротие, кога Никола Малешевски заедно со Димитар Поп Георгиев Беровски и други малешевци и пијанчани, како организатори на т.н. малешевско-пијанечки бунт ќе бидат осудени на затворски казни во Пехчево, Берово и во Солун. Црковните борби со текот на времето добиваат политички карактер, за што сведочи и Димитар Беровски во своите спомени. Тој истакнува дека „овие настани водеа кон подготовка на востание во овој дел на Македонија“ – Разловечкото и Кресненското, кои завршуваат со пораз, па населението од овие краишта, поради страв од терор и репресии, се иселува претежно во соседните Ќустендил и Дупница. Меѓу нив е и Никола Малешевски, кој се населува во Дупница.

Со создавањето на ВМОРО во 1893 година, настанува пресвртница во македонското националноослободително движење, а куќата на Никола Спасов Малешевски во Дупница станува сврталиште на македонските патриоти. Се формира македонското друштво „Единство“, чиј секретар е Никола Малешевски.

Во 1896 година, Никола Малешевски се запознава со Гоце Делчев (кој како задграничен претставник на ВМОРО во Софија) му ја открива тајната на ВМОРО и го вклучува во нејзината работа, поставувајќи го за пунктов началник во Дупница, односно раководител на целата мрежа погранични пунктови и тајни канали на ВМОРО по должината на бугарската граница со Отоманската Империја. Префрлувањето на оружје и друг материјал преку овие канали бил спроведуван врз системот на организирана војска.
Зачувано е едно писмо од Гоце Делчев до Никола Малешевски, кое датира од 10 април 1897 год., со следната содржина:

Ќустендил 97 год. 10/ IV
10 aприл 1897 г.

Никола,
Твоите писма од 9-ти и 8-ми о.м. ги добив сношти. Многу ме чудиш со новините. Што претставува засега Дупница? Сврталиште на војводи разбојници, поради кои и гнездо на шпиуни .За последните нема што да кажам, освен да ги пофалам со нивната умешност да го избираат местото, за да ги исполнуваат точно своите обврски. Од војводите многу нешта можат да се купуваат, зашто не само пијани, туку и во трезна состојба тие (војводите) не се штедат да ги величаат своите големи подвизи.
Тешко на оние што им откажале подршка. Можеме ли во тој случај ние да им помогнеме на тие несреќници? Каков друг лек ние би можеле да употребиме кога аптеката не ги пушта лековите што ние ги бараме? Ништо, освен да може да се растури гнездото на шпиуните. А тоа може да стане ако имаме народни луѓе, кои ќе ги требат со убиства, и тоа такви, од кои секој би се потресол. Пази се и ти да не попаднеш без да сакаш в уста. Никој не доверувај му се. А за оној господин, за кој ми пишуваш (Н.П.Стојанов), ми иде да се сомневам во неговата чиста душа. Тој се гледа, сака да напипа нешто од тебе, затоа добро е не само да не му укажеш доверба, туку уште и да и го предадеш на полицијата како сомнително лице. Чучков ми пишува дека не праќал никогаш такво лице. Тој истиот се јавил и кај Каранов, но овде му се даде да разбере дека ја нема таа манџа што ја бара тој. Во Џумаја не можем сега да пишувам, но од Софија ќе можам. Утре заминувам за Софија, а ти, ако има да праќаш нешто, прати го на иста адреса .
Со братски поздрав

Ахил.“

Во 1899 година Никола Спасов Малешевски се сретнал со Јане Сандански и го запознал со целите на ВМОРО. По средбата со Гоце Делчев, Сандански и официјално станува член на ВМОРО.

Во 1901 година Никола Спасов Малешевски активно учествувал во организирањето и грабнувањето на американската протестантска мисионерка Мис Елен Стон.
За овој настан Рафаел Камхи оставил запишани белешки со прилози од одделни документи, сврзани со аферата Мис Стон, па мислиме дека е интересно во продолжение да пренесеме дел од нив: „Со известувањата добиени од Иванка Колчаковска и Иванка Хаџиваканова, протестантки, на 21 август 1901 година на патот меѓу Банско и Горноџумајско, од четите на Јане Сандански, на Христо Чернопеев, Крсто Асенов и Никола Малешевски беа грабнати Елена Мис Стон (американска протестантска мисионерка во Македонија) и нејзината придружничка, Екатерина Цилка (од Банско, сопруга на албанскиот револуционер Цилка).
За аферата „Мис Стон“, во своите белешки, сведоштво има оставено и Ѓорче Петров:
„14 јуни 1908 год.

Уште не бев отишол од Софија, кога решивме Делчев лично да ја води борбата тука со цончевистите. Тоа беше уште пред да лежам в участок да ме интернираат во Трново. Аферата Мис Стон веќе беше станала. Нејзиното фаќање стана без наше знаење. Ние знаевме, оти се крои да се фати друго лице на Долноџумајскиот панаѓур, - Серско. Кога не успеавме, разлошката чета на чело со Сандански, на враќање во Разлог, скроила набрзо нов план та ја фатиле Мис Стон заедао со Цилка. Кога ја свршиле работата, подгонети од таму, првите дни се префрлиле во Бугарија, во Дупничко. Ја свршиле работата, а понатака ги заплеткале конците, не знаат што да прават. Малешевски настојуваше да појдам во Дупница, посака напатствија, како да постапат понатаму. Кроевме да се сретнам со нив, со Сандански, за да им дам лични напатствија. Тука софиската полиција беше многу се раздвижила за да ги фати или луѓето или барем нишките на работата. Јас не можев поради тоа да ги видам нив, специјален полициски човек оттука специјално ме следел, без да знам јас (Велјо Маринов, сегашниот полициски пристав). Јас случајно го срстнав и на шега му реков, дека наверно тој отишол да фаќа комити и дека наверно и мене сака да ме фати. Тој се смути дознав оти е така. Отидовме да се почестиме се понапивме, и тој ми призна, и јас утредента бегај назад во Софија. Владата беше сериозно загрижена да го фати Сандански; срамно им беше оти се губи честа на бугарското име во Европа и Америка. Убедувањето кај владата беше, дека интелектуалниот виновник сум јас така да мислеле да ме уапсат. Каравелов имал намерение мене и Малешевски просто да не обесат преку воен суд за да му дадат на европското општество мнение. Но полициските луѓе уверувале, дека мачно ќе можат да истргнат нешто од мене по судски ред. „Од тој ѓавол ништо нема да дознаете“ - рекле. Да беа по претпазливи на граница ќе ме фатеја во клопка. Најпосле решиле да ме интернираат во Куртбунар. Јас протестирав пред градоначалникот К`нчев, ги потсмевав министрите. Јас сакав бидејќи немав средства, да ме остават да живеам во Трново, каде што имав пријатели. Се согласија, но под многу строг (тајни) надзор, кореспонденцијата да ми се прегледува и секој да се следи, кој би дошол при мене и т.н. Ова го научив после. Јас условно бев засегнат од оваа мерка. На кинисување му реков на градоначалникот, дека тие посегнуваат не на мене, ами на организацијата. И не требаше овој прв случај на посегнување на организацијата да го остави така, но на жалост кај нас условната честољубивост не е развиена, а и Гарванов беше во Ц.К., кој што се радуваше за тоа. После од полицискиот пристав во Трново, со кого се спријателивме, дознав колку строги шпиунски мерки зеле протип мене. Наспроти оваа строгост пак целата Мисстоновска рабога пак јас ја свршив. Оттука, пред да ме интернираат, јас го испратив првото писмо на мисионерите во Самоков, во кое што се изложуваше судбината на Мис Стон, намерението за заграбувањето и предлог за откуп со 25.000 лири. Имаше и нејзино саморачно писмо. Во одговор дојде секретарот на цариградската американска легација. Доаѓа понапред во Трново кај мене Малешевски, скришум, се разбира, за совет по борбата со врховистите и по оваа работа. Доаѓа два пати. Условивме, да дојдат во Софија двајца пратеници од Сандански за да уговараат со пратениците на легацијата. Дојдоа Чернопеев и Крсто Асенов. И овие доаѓаа два пати кај мене во Трново за инструкции. Имав посредни предлози од владата да и` ја раскријам работата и да ја преостават нејзе да ја уреди. Ризов сакаше да си даде значење и сакаше тој да дојде при мене да преговараме. Ни предлагаа да се откажеме од откупот, за да направиме добро впечатление. Нашите нужди беа големи. Јас се чудев на ова мешање на владата. При првото сретнување американскиот секретар се однесол многу наголемо, рекол, оти тој немал работа со разбојници, а сакал да третира со владата. По мои напатствија нашите му одговориле, оти тие не ја признаваат владата, оти таа е нивни непријател, оти ако тој не сака и ако посмее да ги издаде, и тој нема да остане жив и тие живи нема да се предадат. Зборувал тој, изгледа со владата, и потоа беше поомекнал и влегол во пазарлак. Пазарлакот му бил отфрлен, почнал од 5000 лири. На неколку сретнувања уредените преговори во општи црти, останале да се довршат во Цариград. Се сомњававме и со право, дека се` станува во споразум со владата, најдовме за поумесно центарот на преговорите да се пренесе во Пловдив, а од таму пратеник, бугарски мисионер, одел во Цариград и оттаму преговорите станувале направо со четата во Разлог. Бидејќи четата се уморила, многу се продолжи - и бидејќи врховистите, поткрепени и од нашата влада, со јаки чети одеа потрага, решивме да отстапиме на 14.000 лири.

Парите ги донесоа Сандански, Крсто Асенов и Сава Михаилов, - во злато, се лири. Во стајата кај мене ги донесоа. Јас скришум се вратив од Трново за неколку дена. Ги распределивме на мали делови на разни пријатели за да ги чуваат времено. Еден дел оставија во Костенец Бања еден во Враца по роднини и познати. Ги чуваа луѓето како светиња, а имаше и страв одзади. Луѓето лзлегоа верни. На Страшимиров, поетот, бев му дал на чување 3000 лири, во Биолчев - 1000, кај еден доктор, кој што живее со роднини, - 2000 лири. Страшимировата жена Стефка ги чуваше како светиња - ги предадоа. Како за спомен не се сетивме да дадеме нешто, награда, - така чесно се зачуваа. Парите не се зедоа наеднаш од луѓето, што ги чуваа, но постепено, како што се трошеа. Делчев беше повикан од внатрешноста и се образува комисија: Делчев, Н. Малешевски, Туше Дели Иванов и Стефанов, мислам. Тие беа натоварени да решаваат и контролираат по прашањето на парите, имено на оној дел, кој што беше определен да се троши во Бугарија. Еден дел беше определен за внатре и се распредели по окрузите. Повеќето пари се потрошија тука. Никој од директните учесници никаква награда за себе не зеле и никакви промени на нивниот живот полн со лишувања, не последија ниту се забележаа. Овие пари тука, во општи линии, многу помогнаа за подигање на организацијата. Во најголем дел парите отидоа тука за борба против врховизмот.“

Никола Малешевски има посебна улога во предилинденскиот и илинденскиот период во испраќањето оружје и прифаќањето на огромниот број бегалци. И по Илинденското востание, Никола Малешевски ја задржува должноста пунктов началник, организирајќи ја ВМРО за активност во новите услови. За таа цел, во Малешевијата за инструктор е испратен Герасим Огненов, а во Пијанец е испратен Христо Димитров-Кутруљо.
Интересно е, тука, да се напомене дека кога на Илинден, на 2 август 1903 година било објавено востанието во Битолскиот револуционерен округ, Кукушката чета на војводата Крсте Асенов, Ениџевардарската на Апостол Петков и Гевгелиската на Иван Карасулијата го ослободиле с. Корнишор и го осветиле знамето на Кукушката чета. Потоа војводата Крсто Асенов се венчал со учителката Ана Малешевска, ќерка на Никола Малешевски, а малку подоцна загинал. По неговата смрт Кукушката чета дејствувала со Гевгелиската и Ениџевардарската област.

Пред Балканските војни од 1912-1913 година, Никола Малешевски формира 2-3 герилски одреди, кои како претходница на сојузничките балкански војски ги ослободуваат сите населени места во Малеш, Пијанец и воспоставуваат власт.
И во периодот меѓу двете светски војни, куќата на Никола Малешевски во Дупница била отворен дом на македонските родољуби.

Пронајден е оригинален ракопис на Ѓорче Петров, кој всушност претставува беседа за Гоце Делчев одржана во Софија во 1919, по повод 16-годишнината од смртта на Делчев, на комеморација што во софискиот Воен клуб ја организира македонската група студенти. Ракописот е насловен „Гоце Делчев и значението му в македонската револуционерна организација“.

Петров во беседата ја опишува неговата последна средба со Гоце Делчев во Софија, во март 1903, два месеци пред Делчев да биде убиен во село Баница. Биле заедно со Никола Малешевски. Делчев, инаку противник на идејата за востание оти сметал дека уште не е добро подготвен теренот во Македонија, бил решен со чета да замине во Серез и таму да прави диверзантски акции на турските објекти. Како што пишува Петров, Гоце како да претчувствувал дека веќе нема да се видат, на крајот на средбата особено средечно се поздравил и со него и со Никола Малешевски, ги изгушкал и избацил и на крајот инсистирал да се сликаат.

Никола Малешевски постојано велел дека сакал да ја види Македонија ослободена и независна, идеја која му го осмислила и исполнила животот. Умира на 7 февруари 1945 година, на 95 години во Дупница, каде што почива.